Цело лето во весник го забележував овој краток и обичен оглас од Peko, а нејаснотиите околу него сеуште не ми се разјаснети. Иако е малечок и краток, во својата суштина, за мене, а верувам и за голем број читатели, тој може да биде комплициран и сложен, и да доведе до степен да ја претпоставуваме неговата поента.
Имено, огласов на Peko не е воопшто јасен во пораката што ја испраќа, иако таа е толку едноставна и разбирлива. Се прашувам што значи тоа -20% „неделен“ попуст : дали значи дека цените се намалени за „20% ОВАА ЦЕЛА НЕДЕЛА“ и секогаш кога ќе го видиме огласов во весник значи дека важи за „оваа недела“ односно „седмица - како збир од седум денови“? Или поверојатно е дека попустот стапува на сила секоја „недела, како ден од седмицата – ден којшто следи после денот сабота“?!
Која и да е точноста на пораката, со нејзината нејасност и неразбирливост воопшто не се придонесува кон поттикнување на потрошувачите, туку напротив, кон нивно целосно збунување, што верувам води кон занемарување на огласот и пораката којашто всушност требаше да издејствува зголемена посета на „сите продавници на Peko низ Републиката“.