Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

Што е Маркетинг?

          
           Наоѓам повеќе од неопходно уште на самиот старт на овој блог, да морам да објаснам што претставува МАРКЕТИНГОТ. Сметам дека е задолжително да се постави ова (за некого банално, за некого значајно) прашање, бидејќи верувам дека поголемиот дел од населението (барем на овие простори) има погрешна претстава за одговорот на истото.
           Маркетингот го сретнуваме насекаде и секојдневно, без разлика дали го забележуваме во некои негови форми (како тв реклами, билборди или скандали) или го читаме неговото име во форшпаните на телевизиите или во весниците, и секој би рекол дека многу лесно може да го детектира и да сфати што навистина претставува тоа средство. Но, сметам дека можам да ви докажам дека во македонската јавност маректингот е целосно погрешно сфатен, разбран и препознаен (за тоа сведочат овие факти), а неговата примена е нецелосно интегрирана или погрешно интерпретирана. Причините за „чудниот“ третман на маркетингот во нашето пазарно општество, како и степенот на неговиот развиток, заедно со очекувањата за иднината заедно беа претходно елаборирани. За да не се повторуваме во објаснувањата за македонската секојдневна перцепција за маркетингот и неговата примена, можеме веднаш да прејдеме во појаснувањето на неговата вистинска и научна појава, суштина, форми и примена (во оние црти кои ни ги дозволуваат времето, карактерот и просторот).

Маркетингот е неправилно сфатен и разбран како реклама, промоција, билборд, радио реклама, скандал, трик или „заговор“за поголемо внимание, продажба, гледаност и слично.

          Горенаведени термини низ очите на секојдневниот гледач, слушател, граѓанин и секој поединец на денешниов пазарен систем, често ги толкуваат како МАРКЕТИНГ. Мораме да признаеме дека тие навистина и се дел од аналитички расситнетата структура на маркетинг целината, коишто имаат за цел да предизвикаат поголемо внимание, продажба или гледаност, но во никој случај НЕ СЕ маркетинг.

Дефинирање на маркетингот

           Зборот „маркетинг“ етимолошки потекнува од францускиот збор „маркет“ – што значи пазар, и суфиксот „инг“ – што накратко објаснува некаква акција или процес. Кога овие два збора ќе се спојат се добива: „пазар + акција на пазарот“. Преку значењето на терминот можеме јасно да согледаме дека никаде не станува збор за реклама, билборд и слично, туку за длабока и сложена структура составена од голем број на термини кои можеме да ги пронајдеме во номенклатурата на капиталистичкиот систем, а кои имаат за цел ,,да се дејствува на пазарот“.  
          Па така, маркетингот не е само именка за именување на некоја нова појава или алатка, туку пред се’, претставува сложен концепт којшто се креирал низ годините на појавата на капитализмот и до ден денес, претставува основно начело и „прибор“ во процесот на успешното работење и  фукнционирање на логиката на капиталот.

Маркетинг концептот дефинициски претставува филозофија на управување и раководење со компаниите со која се задоволуваат потребите на потрошувачите и корисниците со преземање и координација на маркетинг активностите.

          Да, токму така, маркетингот во својот фокус ги става потрошувачите и негова главна цел е задоволување на нивните потреби, во исто време остварувајќи профит. Маркетингот во своите пошироки стојалишта го опфаќа и општеството и ги задоволува и општествените потреби, притоа како главна премиса е, исто така, остварувањето на профитот (или во глобала остварувањето на компаниските цели).

Маркетингот во својата суштина ги опфаќа следниве инструменти:

1. ПРОИЗВОД
2. ЦЕНА
3. ДИСТРИБУЦИЈА
4. ПРОМОЦИЈА


Графички приказ на маркетинг миксот


           Овие четири елементи се познати како 4П (product, price, place, promotion) (ова сигурно сте го слушнале!) и заедно сплотени формираат МАРКЕТИНГ МИКС, којшто претставува суштина на маркетинг концептот. Преку создавање на оптимален (најповолен, најдобар) маркетинг микс, треба да се создаде позитивна синергија, којашто доведува до остварување на целите на претпријатието: задоволување на потребите на потрошувачите и остварување на профит.

Уште еднаш можеме да подвлечеме дека суштината на маркетингот се реализира преку маркетинг концептот, во чијашто основа лежи маркетинг миксот, којшто е составен од 4 елементи: производ, цена, дистрибуција и промоција.

Поистоветувањето на науката маркетинг (маркетинг концептот и маркетинг миксот) со реклама, оглас или билброд, е најголемата неправда нанесена во лаичкото толкување на било која наука!

„Имено, да изедначите реклама со маркетинг е исто како да изедначите чаша млеко со крава!“

          За да го докажеме тоа, потребно е да извршиме дополнителна анализа на елементите од маркетинг миксот. Маркетинг миксот преку своите четири елементи во својата суштина ги инкорпорира СИТЕ параметри со кои може да се сретне едно претпријатие во текот на своето работење во процесот на остварувањето на целите, а според маркетинг концептот тоа се: задоволување на потребите на потрошувачите и остварување на профит.  


I. Во елементот ПРОИЗВОД можеме да управуваме со сите параметри коишто го засегнуваат работењето со производот на едно претпријатие:














































II. Во елементот ЦЕНА можеме да управуваме со сите параметри коишто го засегнуваат работењето со цената на едно претпријатие:




III. Во елементот ДИСТРИБУЦИЈА можеме да управуваме со сите параметри коишто го засегнуваат процесот на пренос на производот од производителот до потрошувачот, на едно претпријатие:




IV. Во елементот ПРОМОЦИЈА можеме да управуваме со сите параметри коишто го засегнуваат процесот на промовирање, односно комуницирање помеѓу претпријатието и потрошувачот, за производот, услугата или самото претпријатие. Овој елемент ќе го елаборираме подетално, бидејќи најчесто маркетингот е неоправдано поистоветен со промоцијата:






Елементот ПРОМОЦИЈА е доста сложен и може да биде разгранет на голем број алатки и инструменти.  За да го објасниме накратко, може да се послужиме со овој едноставен графички приказ кој ги содржи основните инструменти од кои понатаму се одделува неговата аналитички расситнета структура:




Маркетингот во својот систем, освен маркетинг миксот, опфаќа и други активности коишто се елементари за неговото непречено и оптимално фукнционирање:




      

         Доколку ја погледнеме сложената структура на СИСТЕМОТ, ќе сфатиме дека е налудничаво и неосновано и понатаму да се поистоветува рекламата на телевизија, огласот во весник или билбордот со МАРКЕТИНГ.
       Напротив, за големината на маректингот говори тоа што нема параметар или алатка во работата на било кое претпријатие, коешто не е дел, не е влијаено и не е под контрола на маркетингот. Сите тие елементи се дел од една целина и заедно го креираат синергетскиот ефект преку тоа што целината влијае врз нив и тие влијаат врз целината. Па затоа потребно е да се внимава на секој параметар од работењето со цел да не се наруши маркетинг миксот или маркетинг миксот (доколку не е соодветно оптимализиран) да не ги наруши нив. 






*Најголемиот дел од теоријата е изведена од универзитетските учебници „Маркетинг - 8мо Издание“ - 2007 година, од авторите д-р. Снежана Ристевска - Јовановска и д-р. Бошко Јаќовски; како и „Промоција - 3то Издание“ - Јануари 2009, од авторот д-р. Нада Секуловска.

comments