1.
Бидејќи се работи за анализа на перцепции од сцени, алатки и постави, сметам дека анализата на различните маркетинг случаеви којашто ја вршам на овој блог, е целосно субјективна и детерминирана од моите лични сфаќања, разбирања и размислувања. Со тоа, не се сметам за одговорна доколку погрешам, погрешно интерпретирам или несоодветно разберам, во својата анализа, некој елемент од анализираниот случај и со тоа анализата ја направам нерелевантна.
Повикувајќи се на маркетинг правилото број 3 и на горенаведеното, анализата на определениот случај однапред ја прогласувам за недоволно релевантна и издржана, во некој свој дел и секогаш погрешна, бидејќи речиси за никој од случаевите не поседувам точни, доверливи, или било какви изворни информации од односната компанија, врз база на кои би можела да ја засновам својата анализа и со сигурност да тврдам дека сум во право кога укажувам на грешките или кога нудам свои решенија.
Со тоа однапред се оградувам од сите направени грешки во објаснувањето на случаите, пронаоѓањето на грешките или понудата на решение во било кој затекнат случај.
Но, со сите сили се трудам и ќе се трудам, анализата да ја направам што е можно посигнифинантна, порелевантна и најбитно од се’ маркетинг објективна, споредувајќи го случајот и неговиот можен исход со веќеетаблираните маркетинг теориски правила на работење и креирање и на најситните детаљи од маркетинг миксот.
2.
Навлегувањето во детаљи и длабоки ситници во објаснувањето на случаите, пронаоѓањето на грешките или понудата на решение, не е толку битна за затекнатиот случај – бидејќи тој веќе настанал, не може да се промени и неговите резутати, какви и да се, веќе се настанати и видливи во сегашноста и истите можат да го интересираат само главниот стопанственик односно сопственик, кој одговара и се грижи за евентуалниот успех или неуспех на компанијата.
Но, со објаснувањето на случаите, пронаоѓањето на грешките или понудата на решение, во длабоки детаљи и ситници, во било кој анализиран случај, се трудам на некој начин да придонесам за успехот на развитокот на маркетингот како наука и пракса во реалното бизнис живеење, во нашата економија или во најмала рака да покренам поголемо интересирање и размислување за него како „алфа и омега“ на денешниот капиталистички систем на постоење.
Се повикувам на маркетинг правилото број 2 и со тоа, однапред не ги прифаќам и ги отфрлам во поглед на нивната корисност за моето понатамошно работење, сите евентуални коментари кои имаат улога на критики, сугестии или совети за непотребноста од сложените ситници и длабоките детаљи и како тие не се релевантни во анализата на случајот.
3.
Во анализите на случаите и укажувањето на она што лично сметам дека е перцепциски, маркетинг или технички погрешно, често критикувам и се трудам да укажам на сторените правописни, граматички или печатни грешки, онаму каде што се користат зборови, реченици или букви. Се обидувам да го почитувам маркетинг правилото број 4 и ги таргетирам само оние граматички и правописни грешки кои се направени како резултат на незнаење, невнимание или незаинтересираност.
Не се сметам себе си за доволно компетентна да го вршам горенаведениот тип на анализа, бидејќи немам соодветно образование да расудувам за говорните и пишаните правила на македонскиот јазик или пак да ги познавам финесите на неговата употреба.
Со тоа, ги молам оние што го читаат овој блог, однапред да ми простат што можеби грешам или ќе погрешам, во граматичкото формирањето на речениците, правописноста на зборовите или во употребата на интерпункциските знаци, најпрвин во своите текстови, а потоа за грешките во критикувањето на она што го сметам за правописна, граматичка или печатна грешка во рекламите.
Си давам за себе задача и одговорност, да се потрудам во иднина, да не правам грешки во пишувањето на текстовите, дури ни од невнимание, а со уште поголема одговорност ќе постапувам во критикувањето на затекнати грешки во случаите кои се предмет на анализа.4.
Поради својата голема заинтересираност за анализа на креирањето на јавното мислење, односите со јавноста и формирањето на јавната пропаганда, во своите текстови често ќе анализирам случаеви кои спаѓаат во областа на политичкиот маркетинг, со поголем акцент, од земјава и, со помал, од странство. Сакам однапред јавно да нагласам дека се оградувам од било каква припадност, поврзување, симпатизирање или едноставна наклонетост кон било која политичка партија во Македонија.
Анализите повторно ќе бидат засновани на моето субјективно гледање и перцеприрање на елементите на политичкиот маректинг на партијата којашто е предмет на анализа и ќе го изразуваат мојот личен маркетинг став во поглед на (не)успешноста на истиот. Анализите во никој случај нема да бидат под влијание на мои лични субјективни мислења како граѓанин на оваа земја, кој своето гласачко право го изразува на изборите.
Сите текстови ќе бидат напишани во рамките на политичкиот маркетинг и неговото влијание во убедување на гласачкиот електрорат за освојување на наклонетоста; и ќе ги опфаќа сите оние теми и случаеви кои се корисни и неопходни во опишувањето на истиот. Во никој случај на овој блог нема да има простор за анализирање и споменување на резултатите од работата на политичките партии и последиците од нивното дејствување како главен политички субјект во државата и насоката во која тие ја движат, на економски, правен или надворешен план.
За поголема објективност, анализите ќе бидат во најголем дел базирани и поддржани од ставовите на македонските политиколози, комуниколози, експерти за политика, како и од статистички податоци за спроведените истражувања за јавниот и политички живот во Републикава.
Со тоа, не ги прифаќам и ги отфрлам сите евентуални коментари кои имаат негативна конотација, обвинување или говор на омраза како резултат на несогласување со текстовите во кои се укажува на маркетинг грешка или маркетинг успех на било која политичка партија. Најстрого нема да толерирам коментари во кои ќе се говори за мое наводно поврзување, наклонетост, симпатија или членство во некаква политичка партија.
5.
Иако горенаведените типови на коментари ги осудувам и ги отфрлам како некорисни и непотребни, почитувајќи ја слободата на говорот, сепак сите сите коментари, без разлика на нивната природа, но освен коментарите кои во себе содржат говор на омраза, сум принудена да ги прифатам и одобрам.
Посебно ги охрабрувам оние коментари кои можат да помогнат кон подобро разрешување на случајот, посочување кон некој нов случај или укажување на моја грешка.
Покрај туѓите субјективни перцепци за одредени ситуации, посебно ги почитувам и ценам коментарите кои нудат точни, објективни и корисни информации за определениот случај.
Па така, ги молам сите читатели на овој блог, да не се воздржуваат и слободно да ги изразуваат своите мислења и ставови, а јас ќе се обидам тој процес на комуникација да го направам што е можно повеќе олеснет и поттикнувачки.