Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

„Маркетинг Детектив - детектира маркетинг грешки, открива маркетинг трикови!“



Што претставува Маркетинг Детектив?

Маркетинг Детектив е страница наменета за поттикнување, раздвижување и освежување на маркетинг анализата и мислата во македонското пазарно општество. Преку, најпрвин, појаснување на тоа што претставува маркетинг концепт и неговото неприкосновено значење во работата на компаниите, а потоа преку детектирање на маркетинг грешките и откривање на маркетинг триковите во праксата на секојдневието, Маркетинг Детектив се обидува да влијае врз заострување на маркетинг сетилата!

Кои се мисијата и целите на Маркетинг Детектив?

Маркетинг Детектив има за цел да ги детектира потенцијалните грешки во видливиот дел на маркетинг миксовите на компаниите, со цел да се укаже на нивната потенцијална опасност, или во најмала рака, да направи нивна споредба со нормативите на етаблираната маркетинг теорија. Како алтернатива на детектираните грешки, Маркетинг Детектив може да понуди одредена солуција, повторно базирана на утврдените маркетинг правила на игра.

Како секундарна задача на Маркетинг Детектив, се појавува потребата за анализа на маркетинг комуникациите на компаниите, нивно сфаќање и разбирање во процесот на комуницирање со потенцијалните потрошувачи, со цел да направи осврт во паметното маркетинг дејствување и размислување. Како резултат на тоа, општата јавност би можела да го увиди сценариото позади маркетинг алатиките на компаниите во процесот на таргетирање и обраќање кон својот потрошувач.

И за крај, Маркетинг Детектив има за цел секогаш да застане на страната на потрошувачите, посебно во услови кога тие се обесправени и незадоволни, како и да ги ислуша нивните идеи, сугестии, ставови, мислења и забелешки, и да им помогне преку објавување на нивните зборови и започнување на онлајн дискусија. Се’ со цел, повторно да се поттикне и раздвижи критичкото маркетинг размислување и паметното дејствување на македонското пазарно општество.

comments