Сигурно сте чуле за француската вода EVIAN, можеби најпознатата луксузна вода во светот, која е речиси редовно претпочитана од страна на славните и познатите личности. Водата има широка дистрибуција (што е за чудо) и можете да ја најдете дури и во секој поголем маркет од земјава, а дали ќе ја пиете е прашање дали можете (дали сте „наивни“) да одвоите од паричникот околу 100 денари за 1,5 литри! Во последно време забележливите реклами на „танцувачките и спортувачките бебиња“ можете да ги видите на JungleTV, или може да ви промрда по некој банер со мотото „Live Young“ на македонските интернет портали.
Водата EVIAN e толку позната што е станата иконски бренд - кој што покрај здравиот, младешки, продава и луксузен животен стил (и помалку бизарен и расипнички, бидејќи за „обична“ вода плаќате толку пари, додека било која друга можете да ја добиете за 5 пати пониска цена)! Конзументите на EVIAN се наречени и NAIVE (навивци) (ако Evian се прочита обратно) и некои велат дека името е намерен амбиграм со цел компанијата да се исмева со своите „наивни“ конзументи.
Македонска EVIAN?
Секако дека не! Некој производител од Виница (Центрофрута ДООЕЛ), очигледно решил визуелно да ја копира познатата EVIAN, па на својата вода и задал речиси идентичен визуелен идентитетет. A да не говориме колку е слично името- ЕВИНА.
Сте ја конзумирале ли некогаш македонската „верзија“ на EVIAN, Евина?