Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

вторник, 10 јануари 2012 г.

Дали вие би треселе Кожувчанка?



Да, отворено, јавно прашање. Дали би „треселе“ Кожувчанка? 

Тие што се прашуваат за какво тресење станува збор, одговорот може да го најдат во најновата реклама на Кожувчанка. Клик на линкот. 




****Update: Од премногу негативни коментари, агенцијата ја сокри рекламата на својот официјален youtube канал. Ова видео е сеуште достапно**** 

Тимот на Кожувчанка ни препорачува „да не тресеме глупости“, туку да ја тресеме нивната вода! Лично мислење, дека советот „да не се тресат глупости“ е малку пресуров за да се упати до конзументите или целокупната јавност, без разлика дали тие нудат дополнително решение што друго да тресеме наместо „глупостите“. Дали сметате дека со ова се навредуваат потрошувачите или можеби тонот на обраќање е малку прегруб? Јас да.

Понатаму, рекламата од самиот старт делува шокантно. Грубо. Не се знае кој е следнот чекор после „падот на вилушката“?! Дали можеби девојката ќе рипне и ќе го нападне Јован Радњански (дечкото од рекламата), за чиј глас, патем (кој вели да не тресеме глупости), се упатија страшно сурови критики?!

Атмосферата во реклмата, зачинета со грубото и брзо тресење, упатува на напната состојба и побудува негативни емоции кај реципиентите. Остава во бессознание што сакал копирајтерот да каже: „дали толку добро се тресе Кожувчанка што нема да престанете да тресете и ќе ја грабате од раце само за да ја задоволите таа потреба“? Или можеби поверојатно ќе си речете: „дали се нормални овие што ја смислиле рекламата?“

Ок. Концептот очигледно бил да се ре-позиционира Кожувчанка како екстремно пенливо, меурчаво задволство, бенефит кој не го истакнала ниту една друга вода на овој пазар, што е за почитување, бидејќи замислата е одлична. Креаторите го реализирале тоа преку брза, запрепастувачки невидена и пред се’ страшно смела реклама, за која додека ние овде дискутираме се редат коментари на друштвените мрежи! Стартот на кампањата е предвидливо тенденциозно темпиран - втор ден после изминување на празниците, за да се пробие мразот после краткото рекламно празничното затишје! Но, дали се одвива се’ во вистинскиот правец?

-Youtube негативните коментари и dislike-овите не стивнуваат, share-оиве на фејсбук се редат како нишки од публиката, која ја исмева нарекувајќи ја „најпропаст реклама на годината“! Дали сиот овој buzz кој го очекувале ќе доведе до посакуваниот имиџ на Кожувчанка, а потоа и до полнење на куповните кошнички со неа?? Се прашувам!

Заклучок: браво за храброста, но сепак, не секогаш секој публицитет е добар публицитет! Посебно не кога се работи за имиџ на бренд, кој по некое правило треба да биде „стабилен“ (земајќи го предвид таргетот или пак категоријата на „основен производ“). Сепак потребен е малку повеќе разум отколку тресење на реклами од ракав, посебно кога се работи за ТРЕСЕЊЕ ЗЕЛЕНИ!

P.S. Looking for forward некој наместо „ај не треси глупости“ да ми рече: „еј ај не треси Кожувчанки!“ Сепак, се плашам дека урбаните фрази ќе бидат единствениот бенефит кој ќе го добиеме од оваа реклама! За жал, на грбот на Кожувчанка!




comments