*Клучен збор = compelling word - збор кој се користи во рекламирањето и има за цел да биде носител или поддржувач на кампањата, преку предноста која ја нуди. Можеби „клучен“ не е соодветен превод, но за жал немаме официјален македонски термин.
Веќе подолго време мобилниот оператор VIP го користи својот compelling word ЗАСЕКОГАШ, сакајќи да истакне дека ниските цени или 0-та во разговорите со VIP ќе се применуваат засекогаш!
На наше големо и шокирачко изненадување, неделава пред Валентајн можеме да забележиме на бројни биlборди и радио-реклами во градов, како T Mobile си го присвојува и користи зборот ЗАСЕКОГАШ!
Се прашувам како, во рамките на оваа лута и смртоносна конкурентска борба, големиот и моќен T-Mobile може да си дозволи да „краде“ толку специфичен и уникатен compelling word, за иста намена и тоа пред да застари оваа употреба од страна на конкурентот??
Не поминаа ни неколку месеци, кога VIP покрај ЗАСЕКОГАШ (кој сеуште си го употребува) почна да ја комуницира и compelling фразата - ДВОЈНО ПОВЕЌЕ, за T Mobile веднаш да истрча и да си го земе ЗАСЕКОГАШ??? Уште помизерна е финтата истиот да се протне покрај Валентајн и љубовта, која по дефиниција треба да трае засекогаш!
Верувам дека и вие имате прашалници во глава и ќе се прашувате како е возможно?? T Mobile - најкреативниот, најдобриот рекламер на пазарот? - Каде ви отидоа идеите? И моралот?