Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 18 декември 2011 г.

Дали голиот задник е новата „мини сукња“?

И дали меѓуножјето станува се’ повеќе јавно видливо?

Кога во седумдесетите години, журналистот Christopher Booker, изјавил дека maxi и midi сукњите тогашно неминовно се вратија во мода, бидејќи едноставно: „немаше каде повеќе да се оди - mini сукњата нема каде погоре да оди“, очигледно грешел и не очекувал дека, не самошто ќе се појави и mikro сукњата, туку и нешто многу повеќе, односно погоре!

Мини сукњата отсекогаш постоела, изненадувачки, дури и на почетокот на цивилизацијата, за чијашто примена сведочат бројни пештерски цртежи и други археолошки докази. Текот на настаните низ историјата, како и условите за живот во модерната и првата половина на современата ера, наметнале да таа биде исфрелна од употреба, стигматизирана, забранета, морално прогонета и слично. Во минатиот век се случуваат голем број на општествени настани, кои ќе доведат до промена на сфаќањето на многу појави, редефинирање на општествени улоги, појава на различни субкултури - под едно име - голем број на општествени револуции, чиешто влијание го чувствуваме до ден-денес, односно живееме надоврзани на нив!

Кратка историја на сукњата

Во 1800-тите години жените биле перцепирани како послаб и немоќен пол, којшто треба да биде заштитен, па такви биле и облеките, долги и покривачки, правејќи ги телесно неприметливи. После Првата светска војна, како резултат на пост-воениот ескапизам, се појавуваат здолништата до колената, во андрогин стил, додека по Втората светска војна, работ се поткрева малку над коленото, како резултат на штедењето и кратењето на материјалите за време на војната!

Во 60-тите години, од девојчињата и младите девојки се очекувало да се облекуваат како своите мајки, па тие биле претставени како шаблонизирана копија на нив, во идентичната руба - покривачка и широка. Практично, не постоела облека за млади луѓе!

Со појавата на сексуалната револуција, феминизмот и либерализацијата, мини сукњата, како и голем број тогашни општествени симболи, била искористена како алатка за ослободување на општествените стеги во кои се наоѓала жената. Мајката на мини сукњата, Mary Quant и Лордот на мини сукњата, André Courrèges, се сметаат за главни виновници за раѓањето на иконската мини сукња (наречена според омилената кола на Mary Quant - MINI).

Реакциите за нејзината растечката модна примена, се разбира, биле жестоки и обвинувачки, доаѓајќи од старомодните средновечни жени облечени во своите соодветни и пристојни долги здолништа. Но, зголемениот тренд насекаде во светот, довел до креирање на нови стилови и модни икони, како: school girl трендот, Lolita look-от, андрогин имиџ и револуционерната појава на моделот Twiggi, сето тоа во насока на експлоатација на мини сукњата како маркетинг алатка, наместо средство за општествена либерализација на жената (првенствената намена).

По тој климакс, во почетокот на 70-тите настапува момент на смирување на страстите и спуштање на работ на сукњата под коленото - момент кој, замислете, се сметал за крај на мини сукњата - велејќи дека границата немала во која насока повеќе да оди - освен повторно надолу!

Годините до 21 век ја враќаат мини сукњата на голема врата, преку многу нови трендови (Punk изгледот, потоа корпоративната мини сукња, симбол за елеганција и бизнис изглед и слично) и таа станува масовно прифатена насекаде во светот, освен во африканските и исламските земји, кадешто до ден денес, е практично забранета).

Појавата на микро сукњата

На преминот кон 21 век, се појавува микро сукњата или микро-мини сукњата (со просечна должина од 20cm) којашто повеќе е идеја за сукња отколку облека, и којашто повеќе открива отколку што покрива, понекогаш посоодветно наречена и каиш-(колан, ремен)-сукња. Микро сукњата иако првично е наменета за сценски настапи на музичките ѕвезди, се’ повеќе станува неминовен дел од street изгледот на (скоро) секоја девојка!

Голиот задник новата мини сукња?

На прагот сме на 2012-тата година и дали можеме да кажеме дека насетуваме нов, досега невиден, неочекуван тренд, незамислив за минатите модни претходници? Дали како генерација сме сведоци на една сериозна, модна, естетска, општествена револуција во облекувањето, улогата и сексуалната перцепција на жената? Дали можеби 21-от век ни носи повеќе револуции, отколку што очекуваме и претпоставуваме (сексуални, естетски, модни, родови, либерални, секако) во поглед на поединецот, мажот, жената, семејството, светот?

Во последниве две до три години, се’ повеќе сме изложени на пополнување на масовната култура со слики, сцени и импулси кои ни го навестуваат доаѓањето на „новите правила на игра“ во свет кој се трансформира, преку многу фактори, но како едни од значајните, се изгледот и облеката.

Во тој поглед, дали границата/работ на мини сукњата се качува погоре, многу повеќе од дозоленото и замисливото, односно дали сукњата можеби ја губи својата класична форма и почнува да нема граница, т.е. да нема ни почеток ни крај?



Lady Gaga

Rihanna
Nicki Minaj, Lily Allen
Coco, Pamela Anderson, Rose McGowan, Alexis Texas, Scout Willis, Heidi Klum, Beyonce, Britney Spears


*Литературниот македонски збор за сукња е здолниште.

comments