Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

сабота, 17 декември 2011 г.

И Жељко Јоксимовиќ „навлечен“ на прашок!

Неколку месеци после успешната акција на опасната пар комбинација на DUEL-прашок за перење и новиот албум на Здравко Чолич, во маркетите осамна и друга спојка. Овој пат се работи за последниот албум на Жељко Јоксимовиќ - „Љубави“, плус гратис „спeцијално“ списание со Јоксимовиќ на насловната страница и се разбира Duel прашок!



Очигледно, на Biohemija d.o.o. и тргна во супер комбинацииве со продукцискиве куќи, па овој пат со Minacord на Жељко и заедно со дистрибуција Kolid, решиле да понудат ново идеално „музичко - перално“ решение, Duel Љубави ко-пакување!

После вториов успех, можеби размислуваат и за официјализирање на посебниов ендемски начин на дистрибуција во маркетинг литературата, како продажна промоција којашто пали кај домашниот таргет на овие балкански простори, без водење грижа околу имиџот на двата бренда (посебно не за музичкото „дело“) : ПЧК алатка! „Прочи че-комбинација“! :P

-А бе, пази да не станат толку комплементарни во употребата, па без едниот да не се троши другиот и слично! :)

И за крај, додека вие се мислите дали е соодветно и на што личи музички албум да се продава рака-под-рака со прашок за перење, пазарната логика, којашто не познава логика, ги отвара сите врати на креативноста (која исто како и глупоста, е неограничена), па што пројде - пројде, а што не, нека го прости чичко Smith!

*Повторно голема благодарност до Ели, која повторно ја документираше оваа маестрална комбинација и со тоа, помогна во објавувањето на овој маркетинг случај!

comments