Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

понеделник, 5 декември 2011 г.

Ревизија на текстот за „Баксузен Таксират“ и извинување од авторот :D

Реченицата со која започнува претходниот негативен пост „не знам како било, не бев, не можам да судам!“ за прикаската Таксират, доби огромен негативен публицитет. И со право!

Тотално се согласувам со читателите кои велат дека е поразителна и од старт го дискредитира целиот текст! Им благодарам на читателите што научив дека вака не се започнува статија, (иако сметав дека моето субјективно доживување дали сум рипала поише на Buraka Som Sistema отколку на Fat Joe, или дали сум била со или без гратис, е тотално небитно, зошто не праам рецензија кој како отсвирел или каков однос имал со публиката). Напротив, во центар ги ставам организаторите на event-от и нивната маркетинг реализација, сакајќи да дадам една beyond нота за иднината и позиционирањето на Таксират. Но, nevermind! :D

Второ, на многу читатели им бодат очи трите мои „соломонски решенија“ Пеперс, Хим или Рамштајн. Тоа и го очекував! Во иднина нема толку да генерализирам, упростувам и во исто време карикирам, бидејќи е дискутабилно околу рангот на популарноста на брендовите и тоа дали организаторите и бендот ќе имаат профитабилно ефектуирање на македонскиот пазар на концерти!

И како трето, многу фанови се најдоа погодени што упатувам критика за Таксират, имиџот,  состојбата, пред и после. И со право! Ни најмалку не ми беше поента да го омаловажам Таксират како значаен supporter на македонската урбана култура! Потенцирам дека треба да се подржува добрата воља на организаторите за „дистрибуција“ на куп добри бендови за „по 100че во просек, пиво во рака и добра дружба!“

Жалам и што не пронајдов заеднички јазик со таргет групата, тоа е моја грешка, бидејќи се обратив на референтна група која од старт има негативна перцепција и одбранбен штит за, какошто го нарекуваат „болеста на општеството“ -  маркетингот, произлезен од систем против кој најголем дел референтната група се бори или барем гаи негативни емоции и ставови!

По професија маркетер, океј е што на некој од вас не им се допаѓа што работите ги гледам толку narrow minded или црно-бело, низ призмата на публицитетот, продажбата и профитот! Но, тоа ми е работата. Во денешното општество освен токму контра-културата  (преку која голем дел маркетерите бенефицираат, препознавајќи ја како „потреба за различност“) остатокот од светот е „чиста продажба“!

Ви благодарам за одвоеното време и тоа што сте се потрудиле да дадете фидбек. Јас посебно ги охрабрувам негативните коментари и со радост ги прифаќам, бидејќи токму преку нив се осознаваат грешките и се учи потрошувачот! Постојано потренцирам дека текстовите на овој блог се резултат на мои субјетивни мислења, и тоа ги прави во голем дел нерелевантни, неточни, идеални за решетање со негативни критики! Voilà !! За тоа сум тука :D

И за крај, мило ми е што се појавија толку посетители на Таксират со фидбек дека супер си поминале, подобро од што очекувале, нарекувајќи го најдобар до сега! Токму тоа е поентата, потрошувачите да бидат задоволени на најдобар начин! А ако е така, тогаш нема што понатаму да се коментира! 

Останува наредната година да чекаме уште еден добар и дури подобар Таксират!

comments