Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 4 декември 2011 г.

Баксузен 13ти Таксират?



Не знам како било. Не бев. Не можам да судам.
Но, по тоа што го слушнав (word of mouth), прочитав, пред и после настанот и фактот што не видов ниту една „импресија“ на мојот фејсбук ѕид од било кој пријател (а ги имам доволно од конкретниот таргет), не било на арно!

Таксират се изгуби во својата суштина и во своето позиционирање, обидувајќи се да ги следи новите трендови, со мала промена на својот имиџ и широко таргетирање, но копнеејќи по минатите времиња и минатите суб-културни состојби!

Оваа година поентата на Таксират очигледно беше „мејнстримување“ на „алтернативата“, нејзино вадење на површина, за да ги пресретне потребите на широка таргет група од андерграунд слојот, за кој очигледно сметаат дека и во Македонија повторно се разви како популарна суб-култура, како што е случајот со некои соседни земји. Тука е првата грешка! Во Македонија (а и во поширокото окружување) алтернативците, кои ги има се’ повеќе, најчесто се развиваат во правецот хипстеризам, а истите не може да бидат групирани толку масовно и така лесно задоволени, само преку неколку артисти и тоа дотраени „комерцијални“ алтернативци!

„Комерцијален алтернативец е ОКСИМОРОН за артист кој ја покрива „андерграунд“ културата, но во исто време е и мејнстрим бренд, кој се продава како и сите останати музички брендови, со тоа што животниот стил кој го продава е различен од оној масовниот.“

Тоа е сосем во ред со стилот на Таксират, кој како што се сеќавам беше создаден за (хард-кор) љубителите (кои генерално гледано сега станаа малку застарени) и ја опфаќа „андерграунд“ комерцијалата. Токму тука е и втората грешка! Пазарот на македонската „андерграунд алтернатива“, во класична смисла, некако опаѓа. А музичките „комерцијално алтернативни“ бендови кои оваа година ги понудија како јадро на настанот, едноставно не беа ништо посебно! Напротив, едни беа ѕвезди со поминат рок, а останатите не беа баш дел од популарните и светски-бренд музички имиња (иако е дискутабилно за Kaiser Chiefs). И за да ја пополнат проект - луфтата, слатко ги спакуваа со домашни фацки, и други споредни, стилско-компатибилни, ликови... Но, само ликови, кои се далеку од икони!

Третата грешка, е иста како и првата, бидејќи поентата се врти во круг, а тоа е промовирањето на настанот: толку популарно и толку масовно. Меѓу другото и со радио реклама, преку која последната недела засилено го бомбардираа етерот на најпопуларната радиостаница, Антена 5! Нешто што дополнително укажува дека „алтернативата“ се обидоа да ја претстават како мејнстрим, а во случај кога немаат ниту една доволно бомбастично силна (рок) легенда, за да се привлечат сите тие широки „андерграунд“ групи!

Да бидеме реални, далеку од тоа дека Таксират можеме да помислиме да го брендираме како „зимски Егзит“ или да ја следиме неговата популарна - андерграунд - мејнстрим - хипстерска - инди - рок - метал - liberte - new age - урбана приказна, која раскажува за животниот стил на „новата генерација“!

Лудилото отиде до таму, што го запоседнаа цел град со билборди, и тоа во најразлични стилови и бои. Како да се работи за 5 различни настани! Ниту еден билборд не беше стилски ист, ниту пак беше конзистентен на досегашниот Таксират имиџ! Дури и му додадоа една „Скопје 2014“ нота, повторно нејасна, дали во случајов, Таксират и таргетот, се урбани хејтери или supporter-и? Битно, пораката беше да ги вклучи и едните и другите?!


Како цреша на шлагот е последениот поразителен факт - суровата реалност! До кога Македонија ќе биде заобиколувана од еминентни музички имиња без разлика дали се продавачи на масовен популарен или алтернативен животен стил, и без разлика дали свират лесно и поп, или свират тешко и агресив? До кога жално ќе ги набројуваме сите имиња кои ги доживејаа нашите соседи, а нас истите само не’ заобиколија?

Во ова глобално село, очкувањата растат! Па, така, оваа година уште позасилено и желно чекавме за: Пеперси, Хим, Рамштајн или било кое друго комерцијално име!

И како после сето ова, тимот на Таксират се чуди зошто немало посетеност, елан и ентузијазам кај публиката, кога ни продава само некои лесни, „ОНАКА“ фацки „без кои може да се живее“?




Поентата на текстот не е да се омаловажи ликот и делото на ниту една музичка ѕведа која настапи на Таксират 13, а најмалку не на хедлајндерите Kaiser Chiefs. Со сета должна почит кон нивната музика, филозофија и порака!

comments