Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

Вежбај маркетинг!

          


              Ова е вежба за маркетинг, со којашто читателот ќе може да согледа дека „рекламата не е маркетинг“, туку е само ситен дел од неговата сложена структура, и во исто време да научи дека сите параметри од работењето на една компанија влегуваат во содржината на маркетинг миксот. 
       Се разбира маркетингот не може да препишува аплсолутен авторитет врз сите параметри од работењето на една компанија, нормално тоа би било апсурдно, бидејќи тука се и други дисциплини под чие управување или номенклатура спаѓаат истите, како на пример средствата, изворите и нивните промени кои се предмет на сметководството; менаџерските алатки и термини кои се предмет на менаџментот; финансиите, нивните текови и управувањето со нив, коишто се предмет на финансискиот менаџмент и слично, гледано од аспект на самата компанија. 
        Но, доколку набљудуваме од аспект на потрошувачите, нивното перцепирање на компанијата и производите или услугите коишто ги нуди, во суштина речиси сите параметри со коишто потрошувачите природно доаѓаат во контакт, се или треба да бидат дел од МАРКЕТИНГ МИКСОТ на компанијата.

Вежба

Одбери некој параметар од работењето на една компанија што прв ќе ти дојде на памет и пронајди го во маркетинг спецификацијата! 
Примери:

„Билбордот кој што го гледаме на улицата на Македонска Филхармонија“


„Високиот квалитет на шпорет од Gorenje“

    „Сликата од овошје на амбалажата на производот VIVA Сокови“

    „Продавачот во продажниот салон којшто ја врши нарачката“

    „Рекламата на возилото за дистрибуција на Бучен Козјак“
    „Часовникот Rolex не можете да го пронајдете насекаде, туку само во специјализирани продавници“



           Со тоа  можеме да согледаме дека било кој параметар, алатка, функција, направа, појава  во нормалното работење на претпријатието, коешто во исто време доаѓа во контакт со потрошувачот,  е дел од МАРКЕТИНГОТ:  дизајнот на производот, етикетата, имиџот на производот, календарот или пенкалото како репрезентативно средство, цената на одреден производ или услуга, надворешниот дизајн на корпоративната зграда/фабрика, функционалноста на производот и за целта за која тој се употребува, бројот на произведените производи, начинот на дистрибуирање, излогот на продавницата, внатрешната атмосфера во продажните центри, итн итн... Списокот на набројување е речиси бесконечен и сите овие наведени параметри се под контрола на маркетингот на едно претпријатие и истите се систематизирани во четирите четвртини – четирите П на маркетинг миксот. 

    comments