Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 26 февруари 2012 г.

Traikovsky Whine Brandy и фејсбук комуникацијата!

Traikovsky Whine Brandy - првиот македонски коњак.
Доколку досега не сте слушнале, еве можност.

Кога пред неколку години дознав дека се појавува овој производ на нашиот пазар, ми се исполни душата со радост: прв македонски коњак, 88 - годишна традиција, производство по принципот на француски коњаци, спакуван и дизајниран на одличен начин, ја има сета можност да продава одлична приказна и едноставно огромен потенцијал да стане национален бренд со кој сите ќе се гордееме.

Начинот на кој е брендиран е одличен, дури неверојатен! Дизајнот (како маркетиншка категорија) е прекрасен, приказната која ја раскажува е магична! - секоја чест за оној што го дизајнирал и менаџирал брендот.


Долго време се двоумев дали да го напишам овој текст и да укажам на тоа што ужасно ми смета, несакајќи ни малку да наштетам на имиџот на овој прекрасен производ. Напротив, кога ја започнаа својата комуникација на фејсбук, ја споделив нивната страница и ги повикував пријателите да се запознаат со Traikovsky Whine Brandy - првиот македонски коњак, чисто да се даде некаква подршка во развојот на оваа ветувачка приказна.


Но, не ни очекував дека Traikovsky Whine Brandy, ќе биде еден од оние корисници на фејсбук, кој најмногу ќе ми пречи во поглед на тоа како ја расипува својата магија со непланираните, глупави, несоодветни статуси, изјави и линкувања!

Traikovsky Whine Brandy се позиционира како луксузен, ексклузивен пијалок, произведен во ограничени количини, со врвен квалитет, со ептитети како 88 годишна традиција и исклучителност во производството, таргетирајќи ги лицата со повисоки приходи, бизнисмени, делегати, функционери, кои претпочитаат екслузивитет и луксуз додека конзумираат жестоки пијалоци.

Погледнете и пресудете сами дали ваквата фејсбук комуникација одговара на нивната бренд филозофија и таргет група:

































Очигледно фб страницата не е раководена од професионални лица, чија улога би била да го
градат брендот конзистентно со бренд стратегијата и да придонесуваат кон зголемување на свесноста и знаењето. А најмногу од се’, ме боли тоа што сопственичката редовно ги лајкува овие фејсбук испади, наместо да се запраша дали се соодветни!!


Се надевам дека овој текст, иако можеби ќе донесе негативен публицитет, сепак ќе донесе „публицитет“ и ќе ја зголеми свесноста за Traikovsky (макар и кај неколкумина), а можеби и ќе допре до модераторите на фб страницата за во иднина да внимаваат што пишуваат и соодветно да комуницираат и да не го расипуваат својот прекрасен бренд!

__________________________________________________________________________________

Дознајте повеќе за Traikovsky Whine Brandy на:
http://www.youtube.com/watch?v=9YUgfTsojB0&noredirect=1
http://www.youtube.com/watch?v=eMa33ow0xMM
http://www.youtube.com/watch?v=ZXGf7h1jlRI&feature=related

Лајкнете на фејсбук и споделете ја страницата да дадеме подршка:
http://www.facebook.com/traikovsky.wine.brandy

comments