Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 23 октомври 2011 г.

РЕКЛАМИРАЈ СЕ 24/7 се огласи со тотално неправилно напишан текст


Штом ги забележав клучните зборови „рекламирај се“ сметав дека дејноста на оваа страница спаѓа под мој интерес на анализирање и со посебно внимание ја проследив нејзината интернет презентација.  Набрзо, бев зачудена од овој неочекуван непрофесионализам.




За каква организација станува збор, можете да прочитате од објаснувањето на самиот настан, но без разлика колку и да е (не)сериозна или (не)професионална идејата или пак концептот за оваа веб или фејсбук страница, сепак тимот кој стој позади неа, требало да се потруди повеќе околу простото објаснување на нивната ,,мисијана работење и постоење.



Судејќи по текстот кој е напишан без да има една точна реченица, конструкција, збор или пак интерпункциски знак на своето право место, или пак без да биде чисто естестки среден (дури и да е напишан од секојдневен просечен објавувач на интернет), можете да претпоставите каков тим стои позади РЕКЛАМИРАЈ СЕ 24/7: професионален и пендантен? -  Се сомневам. Доколку едно објаснување за обичен facebook event имаат тешкотија да го напишат како што треба и доликува, можете да замислите тогаш што ќе се случува со објавувањето на вашите реклами или која и да е друга работа што (ќе) ја извршуваат?!


Уште на почеток, на нивното лого можете да забележите чиста техничка грешка, но од толкувачки карактер. Логото (во случајот фразата ,,рекламирај се) е прецртано, знак што во колективната меморија отсекогаш се перцепирал како забрана (нешто што се негира; нешто што е тука и не треба да биде повеќе; што со самото прецртување престанува да биде на сила и да постои;). Дали ,,тимотимал некоја таква идеја да алудира на тоа дека рекламирањето ќе биде толку суптилно и прикриено, незабележливо и подмолно ефективно ќе ги вметнува рекламите во свеста на конзументите, или пак без многу размислување одбрале таков striketrought на фонтот, останува мистерија. J



После толку поминато време и (под претпоставка) успешно работење на Рекламирај се 24/7, како последица на временскиот јаз помеѓу пишувањето на овој текст и неговото објавување, решив да да ја отворам Рекламирај се 24/7 facebook страницата за да видам дали ги поправиле „печатните“ грешки кои ги сретнавме во дескрипцијата на нивниот настан. На наше големо разочарување и вчудоневидување, без никаква корекција е направено copy-paste на истиот текст, кој со идентични грешки, без никаква промена, гордо стои под секцијата description. Дури ни идното време не е заменето во сегашно (или минато свршено) па Рекламирај се 24/7 сеуште „започнува со работа“.




Дополнително коментирање не е потребно. 

comments