Milka и Jacobs – совршена комбинација во контрирање на Nescafe и Nestle. Сметам дека се одличен пар, доколку го земеме во предвид фактот дека, нормално, Milka не може да се спои со Nescafe, иако можеби концепциски совршено би одговарале (Milka е синоним за чоколадо, а Nescafe е ултимативен број 1 кафе бренд). Но, сепак знаеме дека тоа е невозможно да се случи, па затоа, Milka и Jacobs одлично се снашле против својата најлута конкуренција: Milka како лидер на чоко-пазарот може да му помогне на Jacobs да се протне во домовите и суптилно да ја претвори ,,пробата” во лојалност, шармирајќи со својот уникатен имиџ и стил.
Тоа што ми ,,го фати” окото беше комплицираната гратис понуда во Tinex, со премногу бројки (бидејќи подимето на самиот производ содржи математичка комбинација: 3 во 1 или 2 во 1) – грешка во презентирање од страна на Tinex Маркети.
Сметам дека перцепциски не е коректна оваа комбинација која наликува на сложена математичка формула преку која е тешко веднаш да се воочи што всушност се нуди како гратис производ. Звучи некако вака: две Jacobs ,,три во едно”, осумнаесет грама или ,,две во едно” шеснаесет грама. И дополнитекно, не е познато дали и за ,,две во едно” од шеснаесет грама се даваат исто така две парчиња гратис?
Како и да е, во случајот кога имаме (под)име на производ со бројки, не треба да усложнуваме со додавање на повеќе бројки, посебно кога имаме ,,или или” ситуација. Треба да се потрудиме да го релативизираме строгиот и концизен математички израз преку (во случајов) сликовитост (иако, за среќа, се потрудиле да го стават логото на Jacobs). Предлагам ова известување да изгледа, на некој начин, вака:
2 х (СЛИКА од Jacobs кесичката на која видно се гледа дека е 3 во 1 – 18г.) ИЛИ 2 х (СЛИКА од Jacobs кесичката на која видно се гледа дека е 2 во 1 – 16г.)
– секако во доволна и видлива големина и разиграност со цел полесно да биде просецуирана во мозокот на читачот (не сите читачи имаат способност лесно да ги обработуваат комбинациите со бројките или воопшто бројки).
Со сликовито претставување на Jacobs кесичката – производот ќе биде повеќе доближен до потрошувачот и речиси на дофат, секако многу повеќе отколку сувоппарните и збунувачки комбинации од бројки. Сепак, да не забораваме дека е истражуваки и емпириски докажано дека 80% од потрошувачите повеќе реагираат на слики - визуелно претставување, отколку текст! А да не зборуваме пак, за бројки! Најверојатно многу мал број можат да „реагираат“ на бројки.
За дополнителен ефект, сметам дека покрај овие Milka сталажи, потребно е да било направено место и за Jacobs катче, со што на потрошувачот добитната гратис-комбинација ќе му биде поблиску до очите, рацете и „потрошувачката кошничка“.
Тргнувајќи од себе, секој би се чудел од каде ќе го добие тој гратис Jacobs, на следнив начин: ќе ми го дадат на каса или сама треба да си го земам? Ако не си го земам, ќе се срамам ли да го барам доколку и на каса не ми го дадат, како да е последно кафе на светот? Треба ли да ја прашам продавачката од каде ќе го добијам тој Jacobs? Итн итн...
Зошто дополнително да го усложнуваме купувачкото искуство?
Зошто дополнително да го усложнуваме купувачкото искуство?