Случајно во очи ми падна статусот на ТВ Алфа, преку кој facebook тимот на телевизијата повикуваше на гледање на нивните вести. Не можев, а да не ја приметам погрешната конструкција во заповедната реченица која како да ми велеше „не ги гледајте нашите вести“.
Имено, во реченицата од facebook статусот, веднаш до заповедниот збор ,,гледајте” стои и заменската форма „НЕ“, која во македонскиот јазик во исто време е и НЕГАЦИЈА. Гледачот до кого е пратен овој апел може да добие потсвесно перцепирање на ,,не гледајте!” или ,,гледајте – не (никако)!” бидејќи зборот „не“ не е акцентиран. Посоодветна форма на оваа реченица би била целосно да се исклучи честичката „не“ за во ниту еден случај да не се прати негативна конотација на реченицата.
„Гледајте ги нашите вести во 17.30” или пак ,,гледајте Алфа Вести во 17.30” би била посоодветна, попријатна и понежна варијатна за да се повика еден facebook гледач пред малите телевизиски екрани за да ги проследи вестите.
comments