Последниов месец насекаде ја гледаме, слушаме и пееме, во моментов најпопуларната песна од неанглиско, подалечно говорно подрачје - бразилската број еден тема: Ai Se Eu Te Pego (Ај, ако те фатам!) на младиот и симпатичен пејач, Michel Teló (Мичел Тело’) (пушти го видеото за поголем ефект при читање :p).
Јасно е како ден, дека во ова музичко парче сплотени се речиси сите фактори за успех што доведе до тоа, овој музички производ, толку лесно и едноставно да ја постигне својата вртоглава популарност, дури и на нашите простори: младиот Michel Teló на кој ниедна девојка не би му одолеала; интересните, заводливи и заразни ритми; слатка кореографија, која едноставно ве принудува да танцувате како присутните во видеото; и се разбира, песната, којашто е апсолутен хит, исполнета со позитивна енергија која веднаш ве обзема штом кликнете play! Сите овие добро осмислени услови се идеален збир за масовна прифатеност и хитовско лудило. Како резултат на тоа, Ai Se Eu Te Pego насекаде можеме да ја забележиме, споделена на скоро сите (женски) фејсбук профили, како тема на заедничка дискусија и воодушевување, а не е исклучена можноста и додека сте надвор, да забележите девојки по улица како ја изведуваат познатата кореографија, потпевнувајќи го заразниот рефрен.
Но, сепак би сакала да потенцирам еден фактор кој значително помогна за длабока пенетрација на овој сингл, не само географски, во широките светски рамки на најразличните држави и култури, туку и во главите на многу слушатели, па дури и кај оние помалку пристапни таргети („неслушатели на масовна музика“):
-Во спотот на песната можете да забележите убави девојки, и тоа не само убави какви што има во речиси секој музички клип, туку многу поинаков таргет на девојки од оние што би одговарале за овој тип на песна, пејач и музичко видео. А бидејќи песната е таква - лесна, певлива, разиграна, едноставна, дури и помалку детска, слатка и невина, сигурно очекувате во публика да забележите тинејџерки, дури и твин-ејџерки. Но, реалноста е сосема поинаква, па во ова видео сретнуваме САМО атрактивни, повозрасни девојки, адолесцентки, кои веќе одамна не се тинејџерки, ни средношколки, туку можеби „завршиле факултет и веќе работат“.
Истите тие повозрасни млади дами, се всушност вистинскиот носител на позиционирањето на овој музички производ. Ги сретнуваме уште од самиот старт, како заводливо и самоуверено танцуваат, со доза на индивидуалност, како што доликува на модерни, тренди-стилизирани и самостојни млади девојки, (а некои од нив се „not a girl, not yet a woman“ категорија). Тие со занес, ококорени очи и широко отворени усни го „голтаат“ секој потег на Teló и се движат во ритамот на неговата изведба, со експлицитно фацијално изразување на воодушевувањето од лудилото кое го предизвикува неговиот настап.
Девојките од спотот на Teló, по правило, своето место најмногу го пронаоѓаат во клубската музика, house песните, dance-electro хитовите и истите најчесто можеме да ги сретнеме во истоврсните видови на спотови, каде со изразена сексуална енергија ја искажуваат својата женственост и зрелост.. Но, во спототот на Teló ги гледаме во поинаква улога, и тие дефинитивно помагаат во градењето на неговата популарност, креирајќи го ИМИЏОТ на песната, и помагајќи при поттикнување и самоидентификација на слушателите. Пораката која се испраќа до јавноста е следнава:
-песнава мора да е толку добра и неверојатна штом овие девојки со толкаво внимание и концетрација уживаат во секој нејзин ритам, „плакнејќи ги очите“ од преслаткиот дечко и подавајќи ги рацете кон него, додека тануваат на кореографијата.
-песнава мора да е толку добра и неверојатна штом овие девојки со толкаво внимание и концетрација уживаат во секој нејзин ритам, „плакнејќи ги очите“ од преслаткиот дечко и подавајќи ги рацете кон него, додека тануваат на кореографијата.
-кога оваа заразна слатка песна ја обожаваат овие модерни и секси девојки, значи дека нема никакви социо-бариери за личност со било која возраст и животен стил да лудува по неа, бидеќи е на некој начин „дозволено“ штом е поддржано од „трендсетерките“ (значи не е само за деца).
-и во исто време, може слободно да се „екстазира“ на песната, поддржано преку самоидентификување, поистоветување и изедначување со желба за припадност кон оваа посакувана општествена група (младите - фенси - тренди - модерни девојки).
Можете да приметите дека во публика има секаков тип на девојчиња, но по некоја „случајност“ камерманите ги доловуваат само оние кои наликуваат на оние штотуку симнати од модните писти.
Можете да приметите дека во публика има секаков тип на девојчиња, но по некоја „случајност“ камерманите ги доловуваат само оние кои наликуваат на оние штотуку симнати од модните писти.
Полн погодок во процесот на брендирањето на овој музички субјект кој во последно време неочекувано и непредвидливо го растресе нашиот и исто така, светскиот етер!