Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 26 февруари 2012 г.

Traikovsky Whine Brandy и фејсбук комуникацијата!

Traikovsky Whine Brandy - првиот македонски коњак.
Доколку досега не сте слушнале, еве можност.

Кога пред неколку години дознав дека се појавува овој производ на нашиот пазар, ми се исполни душата со радост: прв македонски коњак, 88 - годишна традиција, производство по принципот на француски коњаци, спакуван и дизајниран на одличен начин, ја има сета можност да продава одлична приказна и едноставно огромен потенцијал да стане национален бренд со кој сите ќе се гордееме.

Начинот на кој е брендиран е одличен, дури неверојатен! Дизајнот (како маркетиншка категорија) е прекрасен, приказната која ја раскажува е магична! - секоја чест за оној што го дизајнирал и менаџирал брендот.


Долго време се двоумев дали да го напишам овој текст и да укажам на тоа што ужасно ми смета, несакајќи ни малку да наштетам на имиџот на овој прекрасен производ. Напротив, кога ја започнаа својата комуникација на фејсбук, ја споделив нивната страница и ги повикував пријателите да се запознаат со Traikovsky Whine Brandy - првиот македонски коњак, чисто да се даде некаква подршка во развојот на оваа ветувачка приказна.


Но, не ни очекував дека Traikovsky Whine Brandy, ќе биде еден од оние корисници на фејсбук, кој најмногу ќе ми пречи во поглед на тоа како ја расипува својата магија со непланираните, глупави, несоодветни статуси, изјави и линкувања!

Traikovsky Whine Brandy се позиционира како луксузен, ексклузивен пијалок, произведен во ограничени количини, со врвен квалитет, со ептитети како 88 годишна традиција и исклучителност во производството, таргетирајќи ги лицата со повисоки приходи, бизнисмени, делегати, функционери, кои претпочитаат екслузивитет и луксуз додека конзумираат жестоки пијалоци.

Погледнете и пресудете сами дали ваквата фејсбук комуникација одговара на нивната бренд филозофија и таргет група:

































Очигледно фб страницата не е раководена од професионални лица, чија улога би била да го
градат брендот конзистентно со бренд стратегијата и да придонесуваат кон зголемување на свесноста и знаењето. А најмногу од се’, ме боли тоа што сопственичката редовно ги лајкува овие фејсбук испади, наместо да се запраша дали се соодветни!!


Се надевам дека овој текст, иако можеби ќе донесе негативен публицитет, сепак ќе донесе „публицитет“ и ќе ја зголеми свесноста за Traikovsky (макар и кај неколкумина), а можеби и ќе допре до модераторите на фб страницата за во иднина да внимаваат што пишуваат и соодветно да комуницираат и да не го расипуваат својот прекрасен бренд!

__________________________________________________________________________________

Дознајте повеќе за Traikovsky Whine Brandy на:
http://www.youtube.com/watch?v=9YUgfTsojB0&noredirect=1
http://www.youtube.com/watch?v=eMa33ow0xMM
http://www.youtube.com/watch?v=ZXGf7h1jlRI&feature=related

Лајкнете на фејсбук и споделете ја страницата да дадеме подршка:
http://www.facebook.com/traikovsky.wine.brandy
Прочитај повеќе >>

comments

недела, 12 февруари 2012 г.

T Mobile го украде „клучниот збор“ на VIP „ЗАСЕКОГАШ“



*Клучен збор = compelling word - збор кој се користи во рекламирањето и има за цел да биде носител или поддржувач на кампањата, преку предноста која ја нуди. Можеби „клучен“ не е соодветен превод, но за жал немаме официјален македонски термин. 

Веќе подолго време мобилниот оператор VIP го користи својот compelling word ЗАСЕКОГАШ, сакајќи да истакне дека ниските цени или 0-та во разговорите со VIP ќе се применуваат засекогаш!

На наше големо и шокирачко изненадување, неделава пред Валентајн можеме да забележиме на бројни биlборди и радио-реклами во градов, како T Mobile си го присвојува и користи зборот ЗАСЕКОГАШ!

Се прашувам како, во рамките на оваа лута и смртоносна конкурентска борба, големиот и моќен T-Mobile може да си дозволи да „краде“ толку специфичен и уникатен compelling word, за иста намена и тоа пред да застари оваа употреба од страна на конкурентот??

Не поминаа ни неколку месеци, кога VIP покрај ЗАСЕКОГАШ (кој сеуште си го употребува) почна да ја комуницира и compelling фразата - ДВОЈНО ПОВЕЌЕ, за T Mobile веднаш да истрча и да си го земе ЗАСЕКОГАШ??? Уште помизерна е финтата истиот да се протне покрај Валентајн и љубовта, која по дефиниција треба да трае засекогаш!

Верувам дека и вие имате прашалници во глава и ќе се прашувате како е возможно?? T Mobile - најкреативниот, најдобриот рекламер на пазарот? - Каде ви отидоа идеите? И моралот?


Прочитај повеќе >>

comments

недела, 22 јануари 2012 г.

Македонската Evian: Евина

Сигурно сте чуле за француската вода EVIAN, можеби најпознатата луксузна вода во светот, која е речиси редовно претпочитана од страна на славните и познатите личности. Водата има широка дистрибуција (што е за чудо) и можете да ја најдете дури и во секој поголем маркет од земјава, а дали ќе ја пиете е прашање дали можете (дали сте „наивни“) да одвоите од паричникот околу 100 денари за 1,5 литри! Во последно време забележливите реклами на „танцувачките и спортувачките бебиња“ можете да ги видите на JungleTV, или може да ви промрда по некој банер со мотото „Live Young“ на македонските интернет портали.

Водата EVIAN e толку позната што е станата иконски бренд - кој што покрај здравиот, младешки, продава и луксузен животен стил (и помалку бизарен и расипнички, бидејќи за „обична“ вода плаќате толку пари, додека било која друга можете да ја добиете за 5 пати пониска цена)! Конзументите на EVIAN се наречени и NAIVE (навивци) (ако Evian се прочита обратно) и некои велат дека името е намерен амбиграм со цел компанијата да се исмева со своите „наивни“ конзументи.

Македонска EVIAN?

Секако дека не! Некој производител од Виница (Центрофрута ДООЕЛ), очигледно решил визуелно да ја копира познатата EVIAN, па на својата вода и задал речиси идентичен визуелен идентитетет. A да не говориме колку е слично името- ЕВИНА.

Сте ја конзумирале ли некогаш македонската „верзија“ на EVIAN, Евина?



Прочитај повеќе >>

comments

вторник, 10 јануари 2012 г.

Дали вие би треселе Кожувчанка?



Да, отворено, јавно прашање. Дали би „треселе“ Кожувчанка? 

Тие што се прашуваат за какво тресење станува збор, одговорот може да го најдат во најновата реклама на Кожувчанка. Клик на линкот. 




****Update: Од премногу негативни коментари, агенцијата ја сокри рекламата на својот официјален youtube канал. Ова видео е сеуште достапно**** 

Тимот на Кожувчанка ни препорачува „да не тресеме глупости“, туку да ја тресеме нивната вода! Лично мислење, дека советот „да не се тресат глупости“ е малку пресуров за да се упати до конзументите или целокупната јавност, без разлика дали тие нудат дополнително решение што друго да тресеме наместо „глупостите“. Дали сметате дека со ова се навредуваат потрошувачите или можеби тонот на обраќање е малку прегруб? Јас да.

Понатаму, рекламата од самиот старт делува шокантно. Грубо. Не се знае кој е следнот чекор после „падот на вилушката“?! Дали можеби девојката ќе рипне и ќе го нападне Јован Радњански (дечкото од рекламата), за чиј глас, патем (кој вели да не тресеме глупости), се упатија страшно сурови критики?!

Атмосферата во реклмата, зачинета со грубото и брзо тресење, упатува на напната состојба и побудува негативни емоции кај реципиентите. Остава во бессознание што сакал копирајтерот да каже: „дали толку добро се тресе Кожувчанка што нема да престанете да тресете и ќе ја грабате од раце само за да ја задоволите таа потреба“? Или можеби поверојатно ќе си речете: „дали се нормални овие што ја смислиле рекламата?“

Ок. Концептот очигледно бил да се ре-позиционира Кожувчанка како екстремно пенливо, меурчаво задволство, бенефит кој не го истакнала ниту една друга вода на овој пазар, што е за почитување, бидејќи замислата е одлична. Креаторите го реализирале тоа преку брза, запрепастувачки невидена и пред се’ страшно смела реклама, за која додека ние овде дискутираме се редат коментари на друштвените мрежи! Стартот на кампањата е предвидливо тенденциозно темпиран - втор ден после изминување на празниците, за да се пробие мразот после краткото рекламно празничното затишје! Но, дали се одвива се’ во вистинскиот правец?

-Youtube негативните коментари и dislike-овите не стивнуваат, share-оиве на фејсбук се редат како нишки од публиката, која ја исмева нарекувајќи ја „најпропаст реклама на годината“! Дали сиот овој buzz кој го очекувале ќе доведе до посакуваниот имиџ на Кожувчанка, а потоа и до полнење на куповните кошнички со неа?? Се прашувам!

Заклучок: браво за храброста, но сепак, не секогаш секој публицитет е добар публицитет! Посебно не кога се работи за имиџ на бренд, кој по некое правило треба да биде „стабилен“ (земајќи го предвид таргетот или пак категоријата на „основен производ“). Сепак потребен е малку повеќе разум отколку тресење на реклами од ракав, посебно кога се работи за ТРЕСЕЊЕ ЗЕЛЕНИ!

P.S. Looking for forward некој наместо „ај не треси глупости“ да ми рече: „еј ај не треси Кожувчанки!“ Сепак, се плашам дека урбаните фрази ќе бидат единствениот бенефит кој ќе го добиеме од оваа реклама! За жал, на грбот на Кожувчанка!




Прочитај повеќе >>

comments