Read more: http://maiasfotos.blogspot.com/2010/03/customize-style-static-pageshide.html#ixzz1cUksQ6Lq

недела, 27 ноември 2011 г.

Сурово искрено таргетирање: Чола право во рацете на „домаќинките“!

Пред речиси една година, во македонските супермаркети осамна една „страшна“ комбинација на два тотално неспојливи производи, но за волја на вистината, силно поврзани врз база на целната група. Идејата на маркетерите со оваа промоциска спојка беше да го разбуди импулсот на таргетираната група, која по забележувањето на рафтот нема да остане рамнодушна и веднаш ќе го зграпчи ова ко-пакување! 


Замислете, со купување на прашокот за перење DUEL  не добивате како подарок, пример, нова мерна чашка за прашокот, нов омекнувач или нова количина плус од Duel, туку неверојатно, НОВИОТ АЛБУМ на Здравко Чолич!



Се работи за типичен добро-смислен и очекувано ефективен напад за продажба на два тотално (според техничките или употребливите атрибути) неспојливи производи! Но, тоа што ги поврзува е ноторната вистина за суровото таргетирање според некојси идентификуван балкански животен стил: ,,жените домаќинки перат и го слушаат Чола”. „Па зошто да не перат со Duel и во исто време уживаат во неговиот нов албум??“ 

Оваа директна, брутална и страшно искрена продажна промоција оди под анализата дека Југословенките во цутот на младоста, коси кубеле по Чола, во неговата ера на жарењето и палењето; сега тие жени се ,,пораснати” во средновечни ((карикирам)) ,,домаќинки кои се грижат за домот, перат и пеглаат, но сеуште затреперуваат на ритмите на најголемиот балкански заводник“! Во таа воочена ситуација, Biohemija и AZ PR Production виделе одлична маркетинг прилика своите два производа да ги спојат во идеално пакетче, под мотото „ПЕРИ И СЛУШАЈ“!!! 

Па така, тие го протнуваат на задна врата, овој нов музички производ кој треба да падне директно во ,,мокрите раце” на домаќинките, инкогнито пенетрирајќи во нивните домови и заобиколувајќи ја останатата нетаргетирана и непотребна јавност. Со тоа, дистрибуцијата е феноменално решена, бидејќи никој веќе не купува „цедиња и касети“, а посебно не домаќинките!

Во исто време Duel, поддржан од засилениот мотив кон Чола, обезбедува влез и емотивно поврзување со својот таргет на македонскиот пазар, на кој долго време напаѓа и се бори по некоја „бившо-југословенска-братска линија“! Бенефит ем за Чола, ем за Duel! Синергија пет плус!

Што да правиме, мораме да признаеме дека идејата е одлична! Паметна герила ,,во последен момент, со двојни користи, инкогнито и директно во центарот продажна промоција! Колку и да звучи смешна и несоодветна, сепак работи! Бравос! 
xD

Голема благодарност до Ели, којашто го детектираше овој незаменлив момент и со тоа помогна во креирањето овој случај.
Прочитај повеќе >>

comments

четврток, 24 ноември 2011 г.

ПРОПАГАНДНИ СМЕШКИ: Македонски рекламчиња


ПРИМА биле пред времето! Ете од каде му е идејата на Kevin Roberts за „љубовните марки“! 


Или не? 



Да се надеваме дека Прима не го сликале несудениов градоначалник за маркантниов политички плакат!

А ако не верувате во политички „маркетинг“, тука е Васе, брутално и сурово искрен! 

Ако вашето битие негодува после рекламата на Васе, тука е римата на Бет да ви помогне без мед!




...ако и тоа не помага, не земајте ни виски ни Кока Кола со лед!

А доколку сакате пирсинг, не двоумете се да се обратите во кредибилново студио за безболно дупчење со медицинки!


А, ако не дај Боже, не преживеете, еве ви бројче од човек што ќе ве погребе како вистинска ѕвезда!


Народска креативност - резултат на маката да се продаде и желбата на личната иницијатива да се биде диференциран од другите. Овие креативни парчиња полни со „народска искреност“ се интересен пазарен ’феномен’ кој отекогаш постоел кај желните трговци да се истакнат и да продадат нешто повеќе.  Па комбинираат мисли и смеа, или желба и незнаење, и неретко нивните промотивни обиди завршуваат како своевиден урбан хумор и сатира.


*Фотографиите се преземени од познати македонски портали кои објавуваат ваков тип на содржина: On.net, Motika, Kajgana, Taratur и сл. 
Прочитај повеќе >>

comments

четврток, 17 ноември 2011 г.

Што направи вечерва T-Mobile?





Т-Mobile треба да знае една работа, дека не треба да ги крева очекувањата кога не може да ги исполни! 

Не говориме за „официјалното“ доаѓање на Шакира или наводното „пристигнување“ на Кети Пери на македонскиот аеродром - информацијата која вчера го дрмаше македонскиот електронски етер и ги наполни срцата со масовна хистерија, која резултираше со максимална посетеност на скопскиот плоштад. Не, не станува ни збор кој ги произнесол таквите информации и со каква цел, дали тоа е Т-Мобиле лично, или некоја несовесна медиумска агенција - шпекулант. Нам како општа јавност, не не интересира точноста на информацијата, се додека таа масовно се шири и предизвикува некаква галама-врева или buzz, која понатаму се претвара во вистина, очекување и некаков производ (во случајов, огромен централен собир)!

Впрочем, Т-Mobile има сосема чиста совест бидејќи на фејсбук профилот ноќеска демантираше дека се работи за Шакира, но остави огромен простор за слатко ГОЛЕМО изненадување, од речиси идентичен калибар на познатата светска ѕвезда, радувајќи се на антиципираната масовна посетеност!

Но, тоашто Т-Mobile, не го претпостави е можноста да, пост-огромниот собир, кој се создаде како последица на нивната информација во јавноста (а велам нивна, бидејќи воопшто не ме интересира чија е - се додека Т-Mobile не се обиде да ја сопре и спинува, туку напротив организаторите мирно си ќутеа и слатко се смееја) е сценариото што ќе се случува по завршувањето на настанот??? Дали Т-Mobile е спремен да го неутрализира и менаџира драстичниод пад на емоциите и појавата на огромното разочарување кај масовната публика - факти кои требаше да им бидат кристално јасни, дека „Шакира во живо, не е исто со Мараја Кери на холограм“.

За холограмот и околу него, можете да прочитате навала од коментари на компаниската фејсбук страница, во најголем дел со страшно негативна конотација, но ќе сретнете и позитивни објаснувања кои се во насока на охрабрувања и бранења на „вината“ на  Т-Mobile. Логиката на таквите - позитивни величења на компанијата, е аргументот за, какошто го нарекуваат - „Македончето и неговата инфериорност со желба за критикување“. Имено, парафразирам, македонскиот народ има преголеми очекувања, секогаш желен за гага и за нешто повеќе (циритам: „сака од небо мобилни да му паѓаат“) и без обзири, бил толку критички настроен што не е никогаш задоволен од ниту една преземена акција.

Да! Тотално се согласувам! Тоа е една силна национална црта во карактерот на македонскиот народ, а на Т-Mobile треба да им биде тоа сознание јасно како ден, сфатено и разбрано како алфа и омега, бидејќи тие работат и фунционираат токму тука, на македонскиот пазар, и се рекламираат врз македонскиот потрошувач, кој по некоја случајност, е сосем различен од стандардите на европскиот, во својот потрошувачки склоп.

Т-Mobile треба не само да ги прифати овие навистина негативни црти на македонскиот конзумент на производи и реклами, туку и секоја нивна акција треба да биде внимателно филитрирана низ призмата токму на оваа влијателна карактерна црта и детермината. Во таа насока, нашата најголема телекомуникациска компанија и воедно најголем профитер на македонскиот пазар, не треба да се сити и радува на широката маса која се собра на плоштад, за перфектно и одлично да ја сними својата блескаво божиќно-новогодишна кампања, засладена со магијата на Мараја Кери, туку и да мисли што понатаму!

Зарем тимот на Т-Mobile не претпоставува дека негирањата и незадоволствата ќе се вивнат до небо, кај замрзнатата македонска публика од неприкладната температура, полна со очекувања дека можеби некој конечно ќе се смилува да донесе музичко име од светски калибар, но овој пат не со „поминат рок на траење“, со каквишто обично не’ залажуваат! Дали знае Т-Mobile што значи за „напатениот’ македонски потрошувач информација дека за прв пат ќе пристигне тековно-популарна светска пејачка од рангот на оние имиња кои кружеа вчера во јавноста, нетрпеливо чекајќи ја истата на температура речиси под нулата? Посебно, кога не само што не доби ни пет класи пониска, жива вистинска, природна појава, туку доби копија, воздух, фатаморгана, нешто што уште толку го потврди фактот дека нашава држава дефинитивно не е дестинација достојна за посета на музичко име, туку е само предмет на манипулации за повисок профит!



И за крај, доколку нашата број еден телекомуникациска компанија не се прашува, еве јас се прашувам што понатаму? Зошто наместо број еден рекламите со најнова технологија, еднаш не се обидат да го изменаџираат нивниот негативен имиџ кој владее во јавноста, туку истиот го „кријат под тепих’, заслепувајќи ги потрошувачите и себе си со школско-феноменални-ремек дело од реклами! Разберете, сега е само имиџ, но утре ќе бидат опипливи материјални средства, и таа бројка од 10,2 проценти пад на приходите, ќе стане дупла, носеќји падови, во услови кога еден нивен конкурент остварува силен пораст на сите полиња!

Но, како и да е, таквата инертност на најголемата и најпосакуваната македонска статусна компанија, верувам дека совршено и’ одговара, се додека статус кво ситуацијата полека но сигурно не се измени. До, тогаш, останува да доживееме и да споделиме уште многу прекрасни доживувања!

И да, да истакнам, настанот беше одлично технички изведен, секоја чест за пионирството во холограмската изведба на нашата сцена, прекрасна идеја на интернационалниот маркетинг тим на Deutsche Telekom, промоција на идеали и вредности на поврзување и здружување, сместувајќи не во семејството на „големите“, генијална замисла, од која ќе произлезе уште подобра новогодишна и магична кампања, мерак за очи, гордост дека бевме и присуствувавме на снимањето и божиќна радост за празниците кои следуваат. Но, не на овој начин.
Прочитај повеќе >>

comments

недела, 13 ноември 2011 г.

Тајната на успехот на Michel Teló и неговата Ai Se Eu Te Pego (Ај, ако те фатам!)



Последниов месец насекаде ја гледаме, слушаме и пееме, во моментов најпопуларната песна од неанглиско, подалечно говорно подрачје - бразилската број еден тема: Ai Se Eu Te Pego (Ај, ако те фатам!) на младиот и симпатичен пејач, Michel Teló (Мичел Тело’) (пушти го видеото за поголем ефект при читање :p).

Јасно е како ден, дека во ова музичко парче сплотени се речиси сите фактори за успех што доведе до тоа, овој музички производ, толку лесно и едноставно да ја постигне својата вртоглава популарност, дури и на нашите простори: младиот Michel Teló на кој ниедна девојка не би му одолеала; интересните, заводливи и заразни ритми; слатка кореографија, која едноставно ве принудува да танцувате како присутните во видеото; и се разбира, песната, којашто е апсолутен хит, исполнета со позитивна енергија која веднаш ве обзема штом кликнете play! Сите овие добро осмислени услови се идеален збир за масовна прифатеност и хитовско лудило. Како резултат на тоа, Ai Se Eu Te Pego насекаде можеме да ја забележиме, споделена на скоро сите (женски) фејсбук профили, како тема на заедничка дискусија и воодушевување, а не е исклучена можноста и додека сте надвор, да забележите девојки по улица како ја изведуваат познатата кореографија, потпевнувајќи го заразниот рефрен. 


Но, сепак би сакала да потенцирам еден фактор кој значително помогна за длабока пенетрација на овој сингл, не само географски, во широките светски рамки на најразличните држави и култури, туку и во главите на многу слушатели, па дури и кај оние помалку пристапни таргети („неслушатели на масовна музика“):

-Во спотот на песната можете да забележите убави девојки, и тоа не само убави какви што има во речиси секој музички клип, туку многу поинаков таргет на девојки од оние што би одговарале за овој тип на песна, пејач и музичко видео. А бидејќи песната е таква - лесна, певлива, разиграна, едноставна, дури и помалку детска, слатка и невина, сигурно очекувате во публика да забележите тинејџерки, дури и твин-ејџерки. Но, реалноста е сосема поинаква, па во ова видео сретнуваме САМО атрактивни, повозрасни девојки, адолесцентки, кои веќе одамна не се тинејџерки, ни средношколки, туку можеби „завршиле факултет и веќе работат“. 

Истите тие повозрасни млади дами, се всушност вистинскиот носител на позиционирањето на овој музички производ. Ги сретнуваме уште од самиот старт, како заводливо и самоуверено танцуваат, со доза на индивидуалност, како што доликува на модерни, тренди-стилизирани и самостојни млади девојки, (а некои од нив се „not a girl, not yet a woman“ категорија). Тие со занес, ококорени очи и широко отворени усни го „голтаат“ секој потег на Teló и се движат во ритамот на неговата изведба, со експлицитно фацијално изразување на воодушевувањето од лудилото кое го предизвикува неговиот настап.


Девојките од спотот на Teló, по правило, своето место најмногу го пронаоѓаат во клубската музика, house песните, dance-electro хитовите и истите најчесто можеме да ги сретнеме во истоврсните видови на спотови, каде со изразена сексуална енергија ја искажуваат својата женственост и зрелост.. Но, во спототот на Teló ги гледаме во поинаква улога, и тие дефинитивно помагаат во градењето на неговата популарност, креирајќи го ИМИЏОТ на песната, и помагајќи при поттикнување и самоидентификација на слушателите. Пораката која се испраќа до јавноста е следнава:
-песнава мора да е толку добра и неверојатна штом овие девојки со толкаво внимание и концетрација уживаат во секој нејзин ритам, „плакнејќи ги очите“ од преслаткиот дечко и подавајќи ги рацете кон него, додека тануваат на кореографијата.
-кога оваа заразна слатка песна ја обожаваат овие модерни и секси девојки, значи дека нема никакви социо-бариери за личност со било која возраст и животен стил да лудува по неа, бидеќи е на некој начин „дозволено“ штом е поддржано од „трендсетерките“ (значи не е само за деца).
-и во исто време, може слободно да се „екстазира“ на песната, поддржано преку самоидентификување, поистоветување и изедначување со желба за припадност кон оваа посакувана општествена група (младите - фенси - тренди - модерни девојки).

Можете да приметите дека во публика има секаков тип на девојчиња, но по некоја „случајност“ камерманите ги доловуваат само оние кои наликуваат на оние штотуку симнати од модните писти. 


Полн погодок во процесот на брендирањето на овој музички субјект кој во последно време неочекувано и непредвидливо го растресе нашиот и исто така, светскиот етер! 



Прочитај повеќе >>

comments